Москва: Лавров ги критукуваше САД

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ги критикуваше Соединетите Држави поради критиките што Вашингтон и ги упатува на Сирија околу поврзаноста со терористите, дозволувајќи им влез во Ирак. Според Лавров потребни се докази, а не провоцирање дополнителни тензии во регионот. Во посета на Москва се наоѓа сирискиот претседател Башар ал Асад.