Москва: Посета на украинскиот претседател Виктор Јушченко

Претседателот на Украина Виктор Јушченко денеска е во Москва, што е негова прва посета во странство по вчерашната инаугурација. Јушченко изјави дека украинската економија е тесно поврзана со Русија и оти и двете земји својата цел ја гледаат во европските интеграции.