Вашингтон: Одобрена номинацијата на Кондолиза Рајс за државен секретар

Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат денеска ја одобри номинацијата на Кондолизија Рајс за државен секретар со 16 гласа за и два против. Номинацијата сега треба да биде прифатена и од страна на целиот Сенат. Гласањето се случи по дводневното сослушување на Рајс пред Комитетот. Таа во говорот нагласи дека ќе има точна ревизија на политиката во Ирак, по изборите што ќе се одржат на 30-ти јануари, но одби да даде точен датум за враќање на американските сили од Ирак. Обраќање по повод напуштањето на функцијата денеска пред Стејт Департментот, одржа досегашниот државен секретар на Соединетите држави, Колин Пауел.