Багдад: Алави изјави дека во некои делови на Ирак нема безбедносни услови за избори

Ирачкиот премиер Ијад Алави изјави дека во некои делови од земјата веројатно нема да има безбедносни услови за гласање на изборите што треба да се одржат на 30-ти овој месец. Алави најави дека Влада настојува да ги убеди сите религиозни лидери во земјата да ги подржат изборите.