Претставници на државите кои се најголеми кредитори денеска во Париз се очекува да одобрат мораториум на отплатата на долговите за земјите погодени од Цунамито. На состанокот на така-наречениот Париски клуб, посебно внимание ќе и биде посветено на Индонезија, каде што од катастрофата настрадаа 105 илјади луѓе.