Азија: Илјадници жртви во најсилниот земјотрес на светот во последните 40 години

Рано изутрината јужна Азија е погодена со еден од најголемите земјотреси во светот. Тој предизвика огромни бранови цунами што погодија 6 земји. Илјадници луѓе загинаа, а трагичниот биланс постојано се зголемува. Најмалку илјада луѓе загинале, само во Шри Ланка која била најмногу погодена од брановите . И бројот на загинатите во Индија постојано се зголемува. Според последните податоци во три јужни држави загинале илјада луѓе .Земјотресот бил почуствстуван и Тајланд каде според непотврдени информации загинале најмалку сто лица загинале. Илјадници се повредени и се смета дека најмалку милион луѓе се погодени од катастрофата. Сеизмолозите соопштуваат дека Земјотресот бил со интензитет од 8,9 степени според рихтеровата скала со епицентар во близина на индонезискиот остров Суматра. Брановите цунами што ги предизвика биле високи над десет метри. Тој се вбројува во петте најсилни земјотреси во светот од илјададеветстотата до денес, а најсилен во последните 40 години.