Вашингтон: Блиско источниот мировен процес тест за американско – европските односи

Францускиот министер за надворешни работи Мишел Барние по разговорите во Вашингтон со државниот секретар Колин Пауел изјави дека Блиско-источниот мировен процес ќе биде тест за американско – европските односи. Пауел го повика Израел да покаже флексибилност и соработка со палестинците за време на нивниот избор на нов лидер.