Приштина: Состанок на Контакт групата за поддршка на Косово

Во Приштина денеска ќе се состане Контакт групата за подршка на Косово, за прв пат по парламентарните избори и конституирањето на новите институции. Како што е најавено, главни теми ќе бидат исполнувањето на стандардите и децентрализацијата на Косово. Оваа група ја сочинуваат претставници на Соединетите Држави, Русија, Франција, Германија, Велика Британија и Италија.