Софија: Завршува министерското заседание на ОБСЕ

Во Софија денеска завршува 12-тото министерско заседание на ОБСЕ, на кое главни теми се стратегијата за справување со новите закани за стабилноста и безбедноста, како и ситуацијата во Украина. Американскиот државен секретар Колин Пауел, кој е еден од говорниците на конференцијата, го отфрли рускиот критицизам за улогата на Западот во политичката криза во Украина, истакнувајки дека Соединетите Држави се заинтересирани единствено за слободата и демократијата на украинскиот народ. Денеска на конференцијата во Софија ќе се обрати и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој вечер ќе допатува во посета на Македонија.