Киев: Украинската опозиција го прифати повикот за преговори

Украинската опозиција го прифати повикот за преговори со властите што синоќа го упати претседателот во заминување Леонид Кучма. Се уште нема детали каде и кога тие ќе се одржат. Повикот на Кучма беше прочитан на државната телевизија откако опозициониот претседателски кандидат Виктор Јушченко се прогласи за победник на неделните избори. Во меѓувреме, на главниот плоштад во Киев, како што е најавено, денеска треба да продолжат протестите на опозицијата поради тоа што Изборната комисија за победник на претседателските избори го прогласи прорускиот кандитат Виктор Јанукович.