Фалуџа: Американските сили ги продолжуваат нападите врз градот

Американските сили ги продолжуваат воздушните и артилериските напади врз позициите на ирачките бунтовници во Фалуџа. Според воени избори, цел на нападите бил подземниот комплекс тунели во јужниот дел на градот преку кои биле поврзани бунтовниците. Во меѓувреме, ирачките бунтовници ги зачестиле своите напади врз сојузничките сили и во другите градови во земјата. Агенциите јавуваат дека тоа посебно било забележливо во Бакуба и Мосул, како и во некои делови на Багдад.