Тројца членови на семејството на ирачкиот премиер Ијад Алави биле киднапирани, изјави денеска порпарол на ирачката влада. Според него, роднините на Алави биле киднапирани од нивниот дом во Багдад и засега нема никакви барања од непознатите сторители.