Франкфурт: Рекорд на еврото во однос на доларот

Еврото денеска достигна рекордна вредност спрема онаа на доларот. На европските берзи едно евро се менуваше за еден долар и дваесет и девет центи. Експертите веруваат дека доларот и натаму ќе биде под притисок во очекување на податоците за американските трговски резултати кои би требало да бидат соопштени в четврток.