Киев: Претседателски избори

Во Украина започнаа претседателските избори. За фаворити меѓу 24 –те кандидати се сметаат актуелниот премиер Виктор Јанукович, кој ја има поддршката на актуелниот претседател Леонид Кучма и лидерот на опозицијата Виктор Јушченко. Претседателските избори се сметаат за тест на демократизацијата на Украина. Опозицијата однапред обвини дека власта подготвува лажирање на изборите и најави демонстрации. Пред државната изборна комисија веќе се поставени метални огради и водени топови за разбивање на еветуални протести.