Дафур: Продолжуваат мировните преговори за Дафур

Суданската влада и бунтовничките групи денеска ќе ги продолжат мировните преговори за Дафур, јавуваат агенциите, додавајќи дека нивниот успех би можело да претставува крај и за, како што се оценува, најголемата хуманитарна катастрофа во светот. Досега во западен Судан загинаа околу седумдесет илјади луѓе, додека над милион ипол беа принудени да ги напуштат домовите.