Кипар: Владата на турскиот дел на островот поднесе оставка

Владата на турскиот дел на Кипар поднесе оставка откако и дефинитивно ја загуби подршката во парламентот поради подршката на планот на Обединетите Нации за обединување на островот, кој пропадна. На референдумот, одржан во мај годинава, кипарските турци го подржаа планот, но кипарските грци го отфрлија, со што само грчкиот дел на Кипар беше примен во Европската Унија.