Хаг: Продолжува судењето на Милошевиќ

Пред Хашкиот трибунал денеска по едномесечна пауза продолжува судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ. Процесот беше прекинат на 15 септември за да може адвокатот Стивен Кеј – кого Судскиот совет го одреди за бранител на Милошевиќ, кој пак не сака да соработува со наметнатиот адвокат, да има време да ги подготви сведоците на одбраната. Судскиот совет претходно одреди 150 работни дена за изведување на доказите на одбраната на Милошевиќ.