Њу Делхи: Разговори Индија – САД за соработка во одбраната

Официјални претставници на Индија и на Соединетите Држави во Њу Делхи ги започнаа разговорите за меѓусебната соработка на полето на одбраната. Разговорите се дел од билатералната програма наречена - наредни чекори во стратегиското партнерство, кој има цел поконкретна соработка меѓу двете земји и подобрување на стабилноста во Азија.