Париз: Експлозија на бомба пред амбасадата на Индонезија

Пред индонезиската амбасада во Париз експлодирала бомба, при што 9 лица биле полесно повредени, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Доминик Де Вилпен, оценувајќи дека станува збор за криминални мотиви. Меѓутоа, индонезискиот претседател изјави дека станува збор за терористички напад.