Вашингтон: Чејни и Едвардс најмногу дебатираа за Ирак

Потпретседателот на Соединетите Држави Дик Чејни и сенаторот Џон Едвардс, кандидат на Демократската партија за таа функција, во синоќешната директна дебата најмногу време и посветиле на војната во Ирак. Според Чејни, нападот врз Ирак била единствената исправна работа што требало да се преземе во војната против тероризмот. Ова било негирано од Едврадс кој изјави дека војната во Ирак претставувало одалешување од напорите за спречување на теророт во светот. Двајцата кандидати за претседател Џорџ Буш и Џон Кери, според последните испитувања на јавното мислење, и натаму се во тесна трка за Белата Куќа.