Трауматизираните израелски војници поради судирите со Палестинците ќе добијат ново неконвенционално средство за ублажување на ноќната мора – марихуана. Во рамките на експерименталната програма наречена „Делта 9“, активната супстанца која ја содржи канабисот, наречена тетрахидроканабинол, ќе се дава на група од по 15 војници во текот на неколку месеци со цел да се ослободат од пострауматскиот стрес. Авторот на ова истражување изјави дека канабисот може да делува на мозокот на тој начин што ќе се заборават несаканите сеќавања.