Свет: Ден без автомобили

Во илјадници градови во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден без автомобили. Овој ден, замислен како охрабрување на граѓаните да наоѓаат алтернативни транспортни средства со што ќе придонесат за зачувувањето на природата, прв пат почна да се одбележува пред шест години во Франција.