Софија: Раст од 5,6 насто на бугарската економија

Бугарската економија во првото полугодие во споредба со лани оствари раст од 5, 6 насто што се должи на силната активност во второто три месечие. Мината година растот изнесуваше 4, 6 насто. Бугарија заедно со Романија очекуваат во 2007 да станат членки на Европската Унија. Затоа Софија со позитивни промени во економската сфера настојува да ги задоволи строгите услови за прием.