Наблус: Убиени најмалку петмина палестински милитанти

Најмалку петмина палестински милитанти биле убиени во акцијата на израелските сили во Наблус, на западниот Брег, пренесуваат агенциите повикувајќи се израелски извори. Повеќето од загинатите биле припадници на таканаречените Али Акса маченички бригади, вооружена формација, поврзана со движењето Фатах на Јасер Арафат.