Пекинг: Посета на албанскиот премиер Фатос Нано

Албанскиот премиер Фатос Нано отпатува во официјална посета на Кина. Во Тирана е соопштено дека Нано во Пекинг ќе потпише неколку договори, меѓу нив и за доделување кинески кредит на Албанија. Ова е прва посета на еден албански пример на Кина во изминативе триесет и пет години.