Авганистан: 20 Талибанци убиени во синоќешните борби

Претставници на американските сили во Авганистан соопштија дека во синоќешните борби во провинцијата Забул убиле дваесетина талибанци и припадници на Ал Каида. Инаку, во авганистанскиот град Херат, како што јавуваат агенциите, денеска било мирно, по неколкудневните немири кои беа предизвикани поради отстранувањето на локалниот гуверенер Исамил Кан. Во немирите во кои стотици демонстранти го нападнаа седиштето на Обединетите Нации во Херат загинаа седум луѓе, додека над дваесет беа повредени.