Флорида: Најголема евакуација во историјата на државата поради ураган

Околу два ипол милиона луѓе во Флорида се предупредени да ги напуштат нивните домови од крајбрежието поради приближувањето на моќен ураган. Гувернерот на Флорида Џеб Буш изјави дека е ова најголема евакуација во историјата на државата. Ураганот Френсис сега е над Бахамите и дува со сила од 200 километри на сат.