Женева: Над една милијарда луѓе во светот немаат чиста вода за пиење

Светската здравствена организација соопшти дека над една милјарда луѓе во светот немаат чиста вода за пиење, а над 40 насто од светската популација нема основни хигиенски услови. Според извештајот, околу 2 милиона луѓе годишно умираат од дијареја, повеќето од нив деца под 5 години.