Наџаф: Жестоки судири

Во ирачкиот свет град Наџаф, како што јавува Ројтерс, денеска имало жестоки судири меѓу американските сили и приврзниците на радикалниот шиитски верски лидер Моктада ал Садр. Дописникот на оваа агенција прецизира дека во близина на џамијата Имам Али се слушнале десетина силни експлозии. Исто така се додава дека шиитските милитанти и натаму ги одбиваат нападите на американските војници кои биле распоредени на осумстотини метри од џамијата.