Приштина: Претседателот на Советот на Европа утре во посета на Косово

Генералниот секретар на Советот на Европа Валтер Швимер утре ќе го посети Косово каде со шефот на мисијата на УНМИК, Сорен Јесен Петресен ќе потпише два договори за примена на две конвенции за човековите права на Косово, јавуваат медиумите во Приштина. Станува збор за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската конвенција за спречување на мачењето и нехуманиот или понижувачки третман. Швимер ќе се сретне и со претседателот на Косово Ибрахим Ругова и премиерот Бајрам Реџепи.