Вашингтон: Буш денеска ќе го објави планот за повлекување на војници од Азија и Европа

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска треба да го објави планот за повлекување десетици илјадници американски војници од базите во Европа и Азија. Станува збор за ре организација на силите по студената војна со цел на поефективен начин да се одговори на заканите од исламските терористички групи.