Венецуела: Референдум за доверба на претседателот Чавез

Околу 14 милиони лица со право на глас денеска во Венецуела се изјаснуваат на референдум дали се за предвремено заминување од власт на претседателот Хуго Чавез. Референдумот предизвикува загриженост поради фактот што Венецуела е петта земја на светскиот пазар што е извозник на нафта, каде цената за барел веке достигна рекордни 46 долари. Претседателот Чавез пред одржувањето на референдумот изјави дека актуелната влада е единствена која може да гарантира стабилност при снабдувањето со нафта на Соединетите држави и другите пазари и предупреди дека во случај да биде сменет барел нафта може да достигне цена и од 100 долари. Чавез е избран на таа функција во 2000 година, а според уставот мандатот му истекува во 2006 година.