Самара: Напади на сојузничките сили

Американската команда во Багдад соопшти дека во денешното бомбардирање врз ирачкиот град Самара биле фрлени околу двесте и триесет килограми бомби и оти во операцијата биле убиени околу пеесетина ирачки бунтовници. Инаку, во Наџаф денеска било мирно и покрај тоа што пред неколку часа радикалниот шиитски свештеник најави дека ќе го продолжи отпорот против странските сили во Ирак. Тој исто така побара оставка од привремената ирачка влада. Претходно, двајца американски војници биле убиени во два одвоени инцидента во западен Ирак.