Дебар: Еден албански државјанин загинат, двајца полицајци ранети во инцидент

Изутрината во Дебар загинал еден албански државјанин, а двајца полицајци биле ранети, јавуваат агенциите, додавајќи дека тоа се случило при обид апсење на албанскиот државјанин. Имено, полицајците го убиле откако тој фрлил бомба врз нив. Полицајците биле повредени во екстремитетите и се вон животна опасност. За убиениот албански државјанин е распишана потерноца за тешки кривични дела.