Парагвај: Обвинет сопственикот на супермаркетот во кој загинаа 400 луѓе во пожар

Во Парагвај е покренато обвинение против сопственикот на супермаркетот во главниот град Асунсион во кој, откако беше зафатен со пожар, загинаа над четиристотини купувачи. Тоа е решено по изјавите на луѓето за безбедност дека добиле наредба да ги заклучат главните врати со цел да биде спречено ограбувањето на продавницата. Властите соопштија дека бројот на жртвите би можело да се зголеми со оглед на тоа што уште сто и триесет луѓе сега се водат за исчезнати.