Судан: Советот за безбедност на ОН го предупреди Судан

Советот за безбедност на Обединетите нации ја преупреди владата во Судан дека ќе соочи со санкции доколку за триесет дена не ги запре злосторствата во регионот Дарфур. Официјален Картум веднаш ја отфрли резолуцијата со оценка дека таа не е во согласност со претходната спогодба меѓу суданската влада и Обединетите Нации за решавање на конфликтот. Во резолуцијата се обвинуваат провладините арапски милитанти за вршење злосторства врз црнечкото население во Дарфур. Обединетите нации оценуваат дека тоа претставува најголема хуманитарна криза во светот.