Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за надворешни работи. Како топ теми на овој вонреден состанок се наведуваат кризата во Судан, ситуацијата на Блискиот Исток и разговори за либерализација на трговијата прeд состанокот во Женева. На дневен ред е и Балканот, а во тие рамки и ситуацијата во Македонија во врска со децентрализацијата.