Генералното собрание на Обединетите Нации денеска треба да се изјасни за палестинската резолуција во која од Израел се бара да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд и да ја отстрани барикадата на Западниот Брег. Се проценува дека резолуцијата ќе биде изгласана, но таа нема обврзувачки карактер.