Брисел: Средба Хошијар Зебари-Јап Де Хоп Схефер за стабилизација на Ирак

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари денеска во Брисел разговара со генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер, околу улогата на Алијансата во стабилизацијата на Ирак. Схефер вчера изјави дека ќе биде разгледана можноста за поголемо учество на НАТО, покрај веќе договорената обука на ирачките безбедносни сили.