Охрид: Отворен аеродромот по неколкумесечна реконструкција

По неколку-месечна реконструкција, Охридскиот аеродром од денеска повторно е отворен за сообраќај. До 16-ти овој месец, сообраќајот ќе се одвива само дење, бидејки не е комплетирана светлосната сигнализација на аеродромот. Комплетната реконструкција на Охридскиот аеродром ќе чини околу 4 милиони евра, а средствата се од кредитот од Европската банка за обнова и развој и дел од македонската влада.