Иџет Мемети, министер за правда. Потребни се уставни измени за судската власт да биде навистина независна

Господине Мемети, реформите во судството се посочуваат како главна пречка во евро-атлантските интеграции на Македонија од страна на меѓународните претставници. Кои се потребните мерки кои треба да се преземат за да имаме ефикасно судство?

Токму поради тоа дека 2003 година, Република Македонија, по однос на овој сегмент имаше празен од, уште во декември минатата година, почнавме со активности по однос на реформирање или прилагодување на целокупниот наш правосуден систем, правејќи го конзистентен, ефикасен и компатибилен со земјите од ЕУ. Поради тоа, Министерството за правда, ценејќи ја таа тежина, од јануари се зафати со сериозна работа во оваа област, особено за она што значи, утврдување на правните насоки и цели во кои ќе се свижи реформата на правосдуниот систем на Република Македонија. Така што, во министерството за правда беше изготвена една концизна информација, која владата ја утврди и го задолжи министерството да изготви стратегија и акционен план. Тоа и беше направено и јас за подготвување на стратегијата и акциониот план, формирав и совет во министерството за спроведување на реформите. Советот ја имаше првата седница, на која ја разгледа нацрт верзијата на стратегијата, заедно со акциониот план, на која седница, исто така се дојде до заклучоци, дека текстот на таа стратегија навистина претставува добра основа, по однос на правците за развивање, односно, реформирање на нашиот правосуден систем.

Според оваа стратегија, која велите е оценета како мошне добра, каде би требало да се извршат најголемите резови, односно реформи, за да имаме поефикасно судство?

Видете, најголеми резови, ние ќе мораме, ценејќи ја потребата дека навистина има одредени слабости по однос на тоа што значи целосна независност на тој систем, ќе мораме на поинаков начин да ги уредуваме овие прашања, па макар тие повлекле и уставни измени. Со цел, таа власт, навистина да е независна од другите власти, од тој аспект гледано, ќе мораме да направиме подлабок рез, односно ќе мораме да извршиме и уставни измени, затоа што одредени работи коишто не дозволуваат целосна независност на судството зависат и од уставот на Република Македонија. Така што, во делот на независноста на тој систем ќе мора да има и уставни измени.

Министерството со коешто вие раководите заврши неколку успешни екстрадициони постапки, Дилавер Бојку – Леку, Џејми Шеј и Чакала. Но, проблеми се појавија кај случаите со Љубе Бошковски и првиот човек на царината Драган Даравелски, за кој неделава беше објавено дека е пуштен од притвор од органите на СЦГ?

Сметам дека тоа не води кон ништо. Имајќи ја предвид потребата за поблиска соработка на државите од регионот, имајќи ги предив заедничките заложби на регионот за борба против организираниот криминал итн, сметам дека ако така е постапено е направен преседан, којшто може да наликува на се, а најмалку на борба против организиран криминал и добри меѓусоседски односи. Или можам да констатирам, дека ако така се случило, таа држава и нејзините институции и нејзиното сусдство е и тоа како корумпирано.

Се споменува и опцијата Македонија да испрати и протестна нота до СЦГ?

Апсолутно, тоа ќе го направиме.

Што се случува со Љубе Бошковски. Има ли нови детали околу постапката?

Во Македонија веќе тече судтската постапка по однос на случајот „Раштански лозја.“ Документацијата во Министерството за правда е подготвена. Меѓутоа, имајќи ја предвид европската конвенција за екстрадиција, како и хрватското законодавтсво, знаеме дека има една и тоа како голема пречка по однос на екстрадицијата на господинот Бошковски. Но, сметаме дека без разлика на територијата на којашто се случуваат вакви тешки криминални дела, посебно што го засегаат и меѓународното монетарно право, тие лица коишто се осомничени за такви дела, мора да се најдат пред лицето на правдата. Ние како држава сметаме дека е и од интерес и на Македонија и Хрватска, поранешниот министер да излезе пред лицето на правдата. Ние ќе ги искористиме, тоа го повторувам, сите средства што ни стојат на располагање и правни механизми, за да се оствари таа цел, а тоа е навистина, ако се докаже дека тоа лице го има сторено тоа злостосртво, мора да се најде зад решетки и да одговара за такво дело.

Се појавија и информации дека и Хашкиот Трибунал е заинтересиран за ова дело. Побарал ли Трубуналот информации од вашето министерство за овој случај?

Знајејќи го тоа дека Трибуналот 2004 треба да заврши со истрагите и до 2010 и 2012 треба да заврши и со работа, зашто тој е формиран ад-хок за териториите на поранешните ју-републики, не верувам дека Трибуналот би можело по однос на овој случај да преземе нешто.

Дали сте известени од Трибуналот за останатите случаи од Македонија коишто веќе се во нивна надлежност. До каде е процедурата со тие случаи?

Тоа што во моментов можам да го соопштам, е дека истрагата тече, се е во рацете на истражните органи на Трибуналот, поточно на обвинителот на Хашкиот трибунал.

Министерството за правда е надлежно и за два битни закони коишто произлегуваат од Охридскиот договор, законот за употреба на јазиците и симболите. Се говореше дека тие веќе се готови, но никако да се најдат пред пратениците?

Законите се работат подолго време, паралелно и со другите текстови на закони кои Министерството за правда ги изработува, тие два текста на закони се подготвени во министерсвото за правда, но нормално се очекуваат уште успгласувања на законите меѓу коалиционите партнери и нормално и пошироката јавност, ќе видиме, можеби ќе ја вклучиме, а сметам дека е добро, да се вклучи и опозицијата. Откако ќе се извршат и овие пеглања и усогласувања меѓу релевантните политички фактори во Република Македонија, законите ќе влезат во владина, па во собраниска процедура.

Сеуште не е изнајдено решение за употребата на албанскиот јазик во Скопје, што е и главна пречка за пакетот закони за децентрализација да се најде пред парламентарците. Имаше предлог од вашата партија тоа да се регулира со посебен закон. Дали тоа би било идеалното решение на кое инсистира ДУИ?

Информациите што јас во моментов ги имам, се разговара, односно преговара за употребата на јазиците во Скопје. Другиот пакет е затворен и треба да се најде начин како правото на службена употреба на албанскиот јазик да се најде и во градот Скопје. Најбезболно решение кое е и во рамките на уставот е градот Скопје да добие над 20 насто, припадници од албанската заедница, со тоа ќе се елиминираат сите можни шпекулации или толкувања, на закони, на одредби итн.