Анкара: Состојбите во Ирак, Авганистан и Балканот, теми на НАТО самитот

Шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО, на членките на програмата Партнерство за мир, како и други земји партнери на Алијансата ќе се состанат утре и задутре во Истамбул. На самитот лидерите ќе разговараат на повеќе теми мегу кои борбата против тероризмот, состојбата во Ирак, Авганистан. Притоа ќе стане збор и за состојбата на Балканот, вклучувајки го завршувањето на мисијата на СФОР во Босна и Херцеговина и нејзиното заменување со нова мисија на Европската унија, како и натамошниот ангажман на Алијансата на Косово.