Пекинг: Продолжуваат разговорите за северно корејската нуклеарна програма

Во Пекинг продолжија 6-партитните преговори за северно-корејската нуклеарна програма, кои треба да завршат утре, но не се очекува конкретен договор. Делегациите на Кина и на Северна Кореја претпладнето имале одвоен состанок. Според дипломатски извори, Северна Кореја вчера се заканила дека ќе тестира нуклеарно оружје доколку Вашингтон не го прифати нејзиниот предлог за надминување на кризата.