Бугарскиот претседател Георги Прванов денеска ќе допатува во дводневна работна посета на Македонија. Тој и неговиот домаќин, претседателот Бранко Црвенковски ќе имаа средба во Охрид, каде што ќе се одвиваат и пленарните разговори меѓу делегациите на двете земји. На нив ќе биде анализирана состојбата во Југоисточна Европа, како и местото и улогата на Македонија и на Бугарија во неа.