Софија: ФБИ ќе отвори канцеларија во Бугарија

Американското Федерално Истражно Биро до крајот на годинава ќе отвори постојана канцеларија во Софија, соопшти американската амбасада во Бугарија, а според весникот Труд, таа канцеларија ќе биде задолжена и за криминалните активности во Македонија и во Албанија. Канцеларијата на Еф Би Ај во Софија во соработка со бугарските власти ќе работи врз сузбивањето на прекуграничниот криминал, трговијата со дрога, оружје и тероризмот.