Багдад: Најмалку седум жртви во експлозија на автомобил бомба

Во денешната експлозија на автомобил бомба во центарот на Багдад, според најновите информации, загинале најмалку седум лица, додека пеесетина други биле повредени. Автомобилот експлодирал во една од најпрометните багдадски улици во моментот кога минувал конвој со странски цивилни возила.