Лисабон: Уапсени петнаесетина лица од арапско потекло

Португалските агенции јавија дека полицијата во Порто, пред денешниот почеток на Европското фудбалско првенство, уапсила петнаесетина лица од арапско потекло под сомневање дека имале врски со терористички групи. Полицијата сепак прецизира дека кај уапсените не биле пронајдени докази дека планирале да изведат терористички напад.