Пакистанската војска соопшти дека ги продолжува борбите против вооружените групи во близина на границата со Авганистан. Во изминативе три дена, како што е прецизирано, во овие борби загинале триесет и пет странски милитанти и петнаесет пакистански војници. Властите во Исламабад веруваат дека милитантите се припадници на терористичката мрежа Ал Каида.