Лицата кои имаат право на странска пензија со нерамноправен третман

Една третина од пензионерите во Македонија, секој месец го минуваат со четири илјади денри колку што изнесува минимлната пензија, гарантирана со законот. За нив се показува неможно да отскокнат од тој социјален стнадард, дури и во ситуација кога им следуваат пари што за време на работниот стаж ги заработиле во странство. Еден таков е примерот на средовечната Милица, која продолзува да живее со гаранитираната сума нзеависно од приливот од 50 евра месецно од Германија, каде има работено седум години:

„Прво не се живее со мизерно примање. А, и она што си го заработил ти го симнуваат. Јас сум работела во градежно претпријатие Маврово, сум одела по планини, шуми, брда и денеска да ми се симне она што сум го работела.“

Примерот на оваа пензионерка од Скопје што работела во градежно претпријатие во државата само го потврдува принципот според кој работи Фондот за пензиско во случајот со минималните пензии. За таквата матеметика во иплатата на пензиите Претседателот на Сојузот на пензинери Душко Шурбиновски вели:

„4150 денари е најнизок износ на пензија, и ако си под тоа, а немаш право на толку според стажот и висината на примањата што ги имале, тогаш им се додаваше разлика за да дојдат до таа сума. Да ги заштити тие пензионери коишто би имале најниски примања, ама наместо тоа да го прави државата и од буџет да ги обезбедува тие средства, ги обезбедува од купчето за пензионерите, од фондот. Значи, со препис е утврдено, ако пензионер има право на странска пензија, а кај нас користи најнизок гарантиран износ, а не му следува толку, туку помалку, тогаш разликата му се кине.“

Во Македонија според законот за да се оствари право на пенизја потребен е стаж од најмалку 15 години минати на работа во нашата дражава. Тоа е уште еден парадокс, вели Шурбановски:

„Кај нас некој има и 70 години старост и не му следува пензија. Во други држави, пет години ако има, ќе добие, во зависност од времето, колку ќе добие – ќе добие.“

Денес во Македонија пензија примаат 1200 луѓе. Од нив освен онаа една третина кои имаа најниска сума , 40 процнти од пезиите оптпаѓаат на така наречената средна категорија која изнесува до седум илјади денари. Надежите на пензионерите за подобрување на стандардот се релтивни. Во наредните години со реформите во пензискиот систем се предвидува покрај државниот да се отворат и приватни фондови. Таквите планови засега се на хартија, во форма на закон.