Џорџија: Средба на лидерите на осумте најразвиени земји во светот

Лидерите на Групата 8 индустриски најразвиени земји во светот, во рамките на самитот во Џорџија, денеска ќе имаат средба со неколкумина лидери на арапски и муслимански држави на која ќе се разговара за иницијативата на Џорџ Буш за демократизација на Блискиот Исток. Според официјален Вашингтон, политичките и економски реформи на Блискиот Исток се витални за елиминирање на тероризмот, но повеќето арапски лидери изразуваат загриженост дека иницијативата може да се сфати како обид за имплементирање на западниот стил во муслиманските држави.